Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презема премиерската функција од неговиот претходник Талат Џафери.
„При официјалното примопредавање на премиерската функција, на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски му посакав успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани.
Нагласивме слободни, фер и демократски избори како додадена вредност на евроинтеграцијата. Изразив надеж дека политичките субјекти ќе покажат високо ниво на политичка свест и ќе бидат отворени за соработка за стратешките приоритети на државата“, напиша Џафери на својот Фејсбук профил.
Пратениците на Собранието на Македонија синоќа гласаа за новата влада, која ќе ја предводи Христијан Мицкоски, а ќе формираат коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, албанската коалиција „ВЛЕН“ и партијата „ЗНАМ“.
За избор на новата влада гласаа 77 пратеници, 22 беа против, а воздржани немаше.