Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово донесе одлука премиер на Владата на Македонија од 28 јануари, за периодот до изборите ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, објави на социјалните мрежи Бујар Османи.
За шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.