Тандем за големи дела! Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг ја демолираа Минесота и тргнаа по НБА прстен: Далас е во големото финале! (ВИДЕО)

Тандемот Лука Дончиќ – Кајри Ирвинг одигра маестрален натпревар и е најзаслужен за големата победа на Далас против Минесота на гости (124:103) и пласманот на Маверикс во финалето на НБА лигата каде овој тим ќе игра против Бостон.

Минесота влезе во петтиот меч како благ фаворит, но под притисок бидејќи секој нареден натпревар носеше ризик од елиминација. Тоа го искористија Дончиќ и Ирвинг, играа опуштено, се забавуваа на теренот и едноставно ги уништија Волците.

Двајцата постигнаа по 36 поени и додадоа по пет асистенции, а Дончиќ имаше и десет скока (Ирвинг застана на четири).

За поразениот тим Карл Ентони Таунс постигна 28 поени и 12 скока, Едвардс додаде 28 поени, девет скока и шест асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.

Ова е прв пласман на Далас во големото финале на НБА по 2011 година и ерата на Дирк Новицки, па останува да се види дали Дончиќ и Ирвинг можат да им го донесат трофејот на Маверикс.