Таравари го предизвикува Ахмет во претседателската трка: Нека одлучи јавноста кој е најсоодветен кандидат
Во својот статус на социјалната мрежа Фејсбук, Арбен Таравари, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на Републиката од опозициската коалиција, упати јавна покана до Али Ахмети, лидерот на ДУИ, да го прифати предизвикот во трката за претседател, пренесува Телеграф.
„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, понекогаш вели дека Али Ахмети ќе се појави како кандидат, понекогаш се повлекува… Отворено го поканувам Али Ахмети да се натпреварува со мене и граѓаните да изберат кој најдобро ќе ги претставува!“, пишува Таравари.
По објавувањето на кандидатурата на Таравар, медиумите блиски до ДУИ предупредија дека во трката за претседател ќе влезе Бујар Османи, а потоа и самиот Али Ахмети. Таравари неколку пати му изразуваше предизвик на Ахмети да влезе во натпреварувањето, но досега неговите покани не се одговорени.