Девет лекови, меѓу кои и оние за висок крвен притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од позитивната листа.
Како што информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за девет генерики претставени со 87 лекови.
„Станува збор за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања кои имаат активна регистрација кај нас, девет генерики претставени со 87 лекови. Тука спаѓаат лекови за висок крвен притисок, срцеви заболувања, антиагреганти, лекови за третман на депресија, како и за деменција“, нагласи Таравари.
Министерот нагласи дека во овој процес биле ангажирани експерти кои работеле на некои законски измени, изработка на нова регулатива со европски практики и нова методологија за ставање лекови на позитивна листа.
„Ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа“, нагласува Таравари.
Воедно ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со апликациите за ставање нови лекови на позитивната листа.