Таравари до Ахмети: 22 години бевте на власт, не изградивте ниту еден пат што ја поврзува Македонија со Косово!
Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари одговори на критиките на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
Таравари за „ТВ21“ изјави дека Ахмети е на власт 22 години, но не изградил ниту еден пат што ја поврзува Северна Македонија со Косово.
„Али Ахмети е на власт 22 години и не изгради ниту пат кој го поврзува Косово, или Скопје со Приштина или Тетово со Призрен. Сега станува збор за три патни оски: за пругата Приштина – Скопје, за патот Скопје – Блаце – Приштина и за патот Призрен – Тетово“, рече Таравари