Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека до крајот на годината во рамки на тековниот буџет ќе се заложи да обезбеди работни решенија за медицинските лица со средно образование, кои подолго време работат без решенија.
„Моја следна заложба ќе биде да ги видам овие луѓе кои долго време работат, особено медицинските лица со средно образование, кои долго време работат и немаат одлука за работа, да изнајдат решенија за нив, до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени“.
„Со други зборови, дали ќе се очекува новиот буџет? Нема да го чекаме новиот буџет, ќе се обидеме да менаџираме со овој буџет, сепак, ми треба време да се синхронизирам со другите министри“, рече меѓу другото Таравари.