Таравари за барањето на Ахмет за избори: Ќе ги одмериме силите на локалните избори

Арбен Таравари од ВЛЕН го коментираше тековното барање на ДУИ за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните избори во октомври следната година.

Таравари вели дека доколку првиот човек на ДУИ, Али Ахмети сака да ги одмери силите меѓу ВЛЕН и ДУИ, тогаш тоа според него ќе се направи на редовните локални избори.

„Само што ги завршивме изборите, пред 5-6 месеци. Отворени сме да разговараме за сите прашања. Мора да имаме поширок консензус ако одиме на избори. Ако треба да се измерат силите, колку е ВЛЕН, а каде е ДУИ, мислам дека следната година ќе имаме локални избори“, рече меѓу другото Таравари.

Тој ги коментираше и последните собири на ДУИ, за кои рече дека во првите редови има поранешни функционери и бизнисмени кои ја поддржале оваа партија.