Таравари: Нѐ нарекоа предавници затоа што се откажавме од луксузот на власта како знак на несогласување
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук го коментираше заминувањето на Салим Сулејмани, кој пред неколку дена поднесе оставка од пратеничката функција.
Таравари пишува дека функционерите на АA се откажале од платите и луксузите на власта поради несогласување и за оваа постапка биле наречени предавници, прашувајќи како се вика Сулејмани кој го продал народот за да стане амбасадор?!
Целосен статус:
Салим Сулејмани пред неколку дена поднесе сензационална оставка.
Тој рече дека заминува од причина што нè остави изненадени…
На почетокот не верував дека Салим Сулејмани може да се шегува до овој степен, но сега изненадувањето за кое зборуваше стана официјално:
Салим е назначен за наш амбасадор во Персискиот Залив.
Нѐ нарекуваа предавници затоа што ги напуштивме платите и луксузите на власта како знак на несогласување со неа, но сега кога вистините официјално излегуваат на виделина, прашувам:
Како се вика Салим кој ги продаде луѓето за да стане амбасадор?!