Таравари: Оние што ја напуштија АА не мислеа на народот, туку беа заинтересирани само за власта

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вчера се сретна со граѓаните на Куманово, при што зборуваше и за неодамнешните настани во АШ.

„По заминувањето на оние кои беа заинтересирани само за власт, Алијансата за Албанците ќе расте силно и ќе стане водечка политичка сила во иднина“, изјави Таравари.

Таравари нагласи дека партијата сега е почиста, бидејќи според него, оние што ја напуштиле АА не мислеле на народот.

„Оние што си заминаа не мислеа на народот, туку само на своите места. Некои од нив дури имаа и комуникациски канали со ДУИ“, додаде тој, алудирајќи на внатрешнополитичка чистка во партијата.

Потсетуваме дека АА-Таравари моментално работи само со тројца пратеници, откако пратеничката Мимоза Муса вечерва се дистанцира од АА и изјави дека ќе остане дел од коалицијата ВЛЕН во Владата.