Таравари: Партиските тела ќе одлучуваат за излез од Владата

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека органите на партијата ќе одлучат за излегување од владината коалиција и дека конечната одлука ќе биде објавена во следните два дена.

Тој најави дека ќе разговара лично со премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да го информира за одлуката.

Во коалицијата, оцени Таравари, „тие не добија поддршка за промените што ги бараа и очекуваа Албанците“.

„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти владата. Кога сите трчаат да влезат во владата, ние сме навикнати да ја напуштаме владата. Ја напуштаме владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната влада“, рече Таравари.

Тој додаде дека „не сака тие да бидат марионети во владата, а нивните сопартијци и активисти да мислат дека не им е грижа за нивните интереси“.