Актуелниот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари преку статус на социјалната мрежа Фејсбук најави дека ќе се повлече од функцијата градоначалник на општина Гостивар за да продолжи како министер за здравство.
На местото на Таравар како претседател на Гостивар ќе седне Валбон Лимани.
Таравари потенцира дека секогаш ќе биде подготвен да му помогне на Гостивар.
Ќе седнам на функцијата министер за здравство, ќе бидам ангажиран и со партијата и со ВЛЕН, но секогаш ќе бидам подготвен да му помогнам на Гостивар“, напиша меѓу другото Таравари.