Таравари: Сигурен сум дека новата влада ќе ги започне преговорите со ЕУ, но може и да ги заврши

Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“ која води преговори со ВМРО-ДПМНЕ за состав на идната влада, очекува во рок од неколку дена да се постигне конечниот договор.

Вели дека му е драго што по 22 години државата има целосна промена на власта. Таравари е сигурен дека овој владин состав ќе ги започне преговорите со Европската унија и рече дека е негово мислење да се отвори дебата за новиот Устав откако ќе почнат преговорите со Европската унија.

ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „ВЛЕН“ и Движењето „ЗНАМ“ се уште разговараат за формирање на новата влада, иако веќе е објавена поделбата на партиите, а неофицијално се споменуваат и имињата на новите министри.

Во распределбата на министерските места најмногу добива коалицијата ВМРО-ДПМНЕ како победник на парламентарните избори, односно 13 министри.