Таравари: AА нема планови да стане дел од Европскиот фронт

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, објави дека партијата што ја предводи нема планови да стане дел од политичката коалиција „Европски фронт“. Во изјава за весникот ЛАЈМ, Таравари нагласи дека Алијансата за Албанците ќе настапи на изборите со посебни листи за советници и нема да се придружи на ниедна друга политичка групација во овој поглед.

„Алијансата за Албанците нема планови да стане дел од Европскиот фронт. Ќе се натпреваруваме со посебни листи за советници. Станување дел од Европскиот фронт – никако, дури и не разговараме за такво нешто“, рече Таравари.

Тој додаде и дека ги почитува субјектите што се дел од оваа коалиција, посакувајќи им успех во политичката активност што ја вршат: „Нека продолжат оние што се таму, им посакувам успех“.

Оваа изјава доаѓа во време кога на албанската политичка сцена во Северна Македонија се зголемија шпекулациите за нови соработки и прегрупирања на политичките сили во пресрет на локалните и општите избори. Сепак, ставот на Таравар е јасен и цврст – Алијансата за Албанците има за цел да ја задржи политичката автономија и да биде застапена во институциите независно.