„Нека граѓаните се запрашаат каков компјутер или мобилен телефон имале дома во 1999 година, а какви уреди имаат сега. Со истите уреди работиме од 1999 година“, рече првиот човек на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски.
Тој предупреди дека доколку бројните проблеми во контролата на воздушниот сообраќај не се корегираат, може да се случи „Кочани 2“.
„Тажно е, не сакам да го споменувам Кочани, тоа е голема трагедија, многу лоши последици, луѓето го почувствуваа тоа од прва рака. Лоши работи се случуваат во нашата земја со таа застарена опрема и со квалитетниот избор во контролата на воздушниот сообраќај. Работата стана тешка и не се извршува како што треба. Мораме да обезбедиме многу квалитетна услуга, а сите наши шанси и можности да го направиме тоа како што треба се скратуваат затоа што некој не сака да ги назначи вистинските луѓе и да ни даде одврзани раце.“
„Секој гледа нечиј личен интерес… Нека граѓаните се прашаат каков компјутер или мобилен телефон имале дома во 1999 година и нека се прашаат каков имаат сега. Ние работиме со истите уреди од 1999 година. Само за споредба, нашите соседи Србија и Албанија во меѓувреме сменија 3-4 системи“, рече Тасевски.