Таткото во шок, мајката фрапирана: Аларм во куќата поради Новак: Мало момченце го гледа Ѓоковиќ и вика „Тато, тато“! (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ е херојот на српската нација а и за Балканот, и без разлика на сè, толку големи победи, рекорди под српското знаме, кои засекогаш ќе бидат запишани во историјата на тенисот.
Новак не е популарен само во Србија и Балканот, нема место на земјината топка каде што не се чуло за Новак.
Уште еден пример од социјалните мрежи ни покажува колку е популарен Ѓоковиќ, но овој е навистина „откачен“. Цел свет зборува за видеото на мајка од Америка која на TikTok објави видео од својот син.
Њујорчанката Луси Финк го снимила моментот кога нејзиното мало дете го „погрешило“ неговиот татко со Новак.
-Мојот сопруг е опседнат со Новак Ѓоковиќ, цело време зборува за него. А погледнете што се случи со нашето бебе – рече Луси, а потоа го покажала видеото кога момчето вели: „Тато, тато“, се слуша неговиот глас додека гледаат пренос од мечот на Ноле на Вимблдон против Хуберт Хуркач во осминафиналето.