Таткото го прашал синот (2) што го прави среќен: Ова се неговите вирални одговори кои ги насмеале корисниците на друштвените мрежи
Знаете ли што нè прави среќни? Прекрасните видеа од момчето Сем! Малечкиот Сем и неговиот татко се популарни на „ТикТок“, каде што скоро секојдневно објавуваат содржини под името „babysamanddad“.
Секој ден некоја нова авантура го радувала овој пресладок двегодишник, а неговиот татко го документирал тоа како интернетот би го видел, пишувале „People“.
„Знаеш ли што ме прави среќен, тато?“, запрашал Сем на почетокот на неговите „ТикТок“ видеа. „Што те прави среќен, Сем?“, му одговорил таткото.
@babysamanddad More things that make #babysam happy. Helping Daddy. #cutebaby #talkingbaby #gardening ♬ original sound – Baby Sam
Помагање во градината“, симпатично одговорил во новото видео, додека на себеси имал дуксер со Штрумфови и жолта бејзбол капа свртена наопаку.
„Дали би сакал да ми помогнеш со градината?“, прашал гордиот татко.
Кога Сем одговорил потврдно, татко му дал мала жолта канта за полевање.
„Ги наводнувам растенијата“, кажал малечкиот. Ја превртел кантата за полевање и излевал вода низ целата градина.
„Јас ја косам тревата, се обратил Сем на камерата додека туркал лажна косилка.
„Го отстранувам плевелот“, му зборувал тој на татка си – додека со пластично гребло поминувал низ земјата. „Јас сум толку добар градинар“, слатко велел тој.
Нивните следбеници не ги пропуштале овие слатки сцени. Делот со коментарите бил исполнет со позитивни впечатоци и сведочат колку се радуваат на секое ново видео.
„Ти благодарам Сем што ме радуваш секојдневно со твоите видеа“, бил еден од коментарите. „Сем, ми мамиш насмевка секогаш кога ги гледам твоите видеа. Најдобар
“, напишал друг. „Шкотскиот навистина доаѓа до израз во тимот Р“, напишал трет, алудирајќи на изразениот шкотски акцент на Сем.
@babysamanddad More things that make #babysam happy. Can you relate? #cutebaby #talkingbaby #mcdonalds ♬ original sound – Baby Sam
Во други видеоснимки, Сем продолжувал да ја споделува својата среќа додека оди на фудбалски натпревари, глуми дека е диџеј, обиколува музеи и многу повеќе.
Сем, кој живее во Шкотска со своите родители и помладата сестра Алита, течно зборувал и полски. Понекогаш неговата дневна авантура е вежбањето зборови од полски на англиски или обратно.
Во едно видео од јуни, Сем вежбал зборови како автомобил и чевли, брзо префрлајќи се од еден јазик на друг.
@babysamanddad Some #polish lessons with 2.5 year old #babysam #talkingbaby #bilingual ♬ original sound – Baby Sam
Кога го прашале како Сем успеал да научи втор јазик, таткото објаснил: „Мојата сопруга зборува само полски со него. Кога му дозволуваме да гледа малку ТВ, се погрижуваме и полскиот јазик да е вклучен. Такви работи“.
За крај, издвојуваме уште еден коментар на личност која била воодушевена од вештините на Сем. „Ви благодарам. Тој всушност течно зборува (полски)“, одговорил неговиот татко.