Таткото и маќеата брутално ја убиле малата Сара (10)! На телото на девојчето пронајдени 70 повреди, на површина испливаа сите детали од бруталната тортура на детето (ФОТО)

Таткото и маќеата на малата Сара Шариф се прогласени за виновни за убиство на 10-годишното девојче пред да побегнат во Пакистан.

Сара била врзана, тепана со палка за крикет, имала изгореници од железо на кожата, па дури била искасана пред нејзината смрт на 8 август минатата година, беше кажано на судот.

Нејзиното тело било пронајдено два дена подоцна во кревет на спрат во куќа во Сари, откако Урфан Шариф (42) повикал полиција од Пакистан, каде што побегнал со остатокот од неговото семејство.

Таткото плачел за време на повикот и признал дека ја убил ќерка си, велејќи дека премногу ја тепал затоа што била непослушна, пренесува Sky news.

„Ја казнив законски и умре“, рекол таткото.

Полицијата нашла белешка под перницата на Сара на која пишувало „Те сакам Сара“ и „Ја претепав ќерка ми до смрт“.

ms-ap-.jpg

Шариф и маќеата на девојчето Беинаш Батул (30) се прогласени за виновни за нејзиното убиство.

Малата Сара Шариф (10), која почина од малтретирање од страна на нејзиниот татко, маќеа и вујко, имала до 70 надворешни повреди кога било пронајдено нејзиното тело, беше кажано на судот.

Сара, исто така, беше пронајдена со внатрешни повреди и рани здобиени пред нападот што доведе до нејзината смрт во семејната куќа во Вокинг, Сари, минатата година.

Таа се здобила со убодни рани, изгореници, модринки и гребаници, а обдукцијата покажала дека Сара има „веројатни човечки траги од каснување“, изгореници предизвикани од пегла и топла вода.