Таткото на Вања е наместен од полицијата за да се изготви лажен мотив, тврди Палчо и обвинува за политички монтиран процес
Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес.
-Овој родител наместо да го плачи своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви некоја лажен мотив и врска. Јас не го не го познавам, рече Палчо за тсткото на Вања.
Таткото на Вања кажа дека на располагање се става на судот да се открие вистината за овој случај.
Тој тврди дека докази нема против него, туку цело обвинение е врз основа на лажен исказ на еден обвинет.
Адвокатот на Палчо тврди дека обвинителството нема никакви биолошки докази дека Палчо бил на местата на убиствата.
Адвокатот Марјан Витанов тврди дека има многу недоследности во обвинението и најави дека ќе докажат дека Палевски имал некаков план со другите обвинети, ниту имало биолошки траги во автомобилот Рено кангу, ниту дека бил на местата на убиствата.