Таткото на Илон Маск го нарекувале свиња, а сега тој го критикува синот дека е лош родител! Ја малтретирал сопругата, таа бегала од него: „Немав ни доволно млеко“ (фото)

Ерол Маск, таткото на Илон Маск, го критикуваше неговиот син и неговите родителски вештини. Ерол беше гостин во подкастот „Wide Awake“ два дена пред авторката Ешли С. Клир да каже дека има дете со Илон.

„Тој не беше добар татко. Првото дете беше премногу со дадилки и умре под заштита на дадилката“, рече тој.

Патем, Илон и неговата поранешна сопруга Џастин Вилсон го добија синот Невада, кој почина во 2002 година на возраст од 10 недели.

profimedia-0933964815.jpg

,,Илон ќе ме застрела поради тоа што го кажувам, но јас така мислам. Тоа не е добро. Тие беа премногу богати, премногу дадилки заменија”, додал Ерол.

Тој изјавил и дека децата Илон и Џастин, близнаците Грифин и Вивијан и тројките Каи, Саксон и Демијан, секое имало своја дадилка.

„Кога се разделија, имаше шест дадилки од оваа и шест од онаа страна. Многу чудна ситуација“, истакна неговиот татко. Водителот го прашал Ерол дали тоа значи дека Илон не поминува доволно време со своите деца, на што Ерол потврдил, пренесува Јутарњи лист.

Клип од неговото интервју за подкаст стана вирално на социјалните мрежи, при што многумина го критикуваа Ерол и неговото „вознемирувачко лицемерие“. Тие истакнаа дека Ерол има дете со поранешната поќерка Јана Безуинденхут.

„Лошите татковци можат да ги забележат лошите татковци“, беше еден од коментарите.

Мајката на Илон Маск, Маја, се омажи за Ерол во 1970 година и се разведе девет години подоцна. 

„Сите што ги познавав го нарекуваа „Свиња“ затоа што се однесуваше со мене толку лошо во јавноста. И јас бев премногу исплашена да кажам што било некому“, изјави таа за Харперс Базар во 2019 година.

,,Како и секоја злоставувана жена, бев засрамена и знаев дека сум згрешила… Тој постојано ми велеше дека сум глупава, грда, дека нема ништо интересно со мене Неколку викенди фрлаше сè, па морав да им купам нова облека и училишен прибор, а потоа ме тужеше и рече дека не сум способна да бидам родител.”

mejmask-1.jpg

По нивниот развод, Маја се преселила со децата назад во Канада.

– По разводот ја напуштив Јужна Африка за да започнам нов живот во Торонто. Тоа беа тешки години, со три мали деца и без приходи. Сиромаштијата ве тера да работите напорно. Се сеќавам дека плачев кога едно од моите деца истури млеко. Поговорката вели: „Не плачи за истуреното млеко“, а јас плачев тој ден затоа што немав пари да купам друго млеко“, рече таа во едно интервју.

„Долго откако излегов од бракот, имав стомачни болки . Бев толку преплашена што не можев да ги нахранам своите деца“, рече таа во 2022 година, но во видеото на YouTube од јуни 2022 година, Ерол негираше дека физички или емоционално ја малтретирал својата поранешна сопруга.

Илон има уште три деца, синовите X AE A-XII и Текна, и ќерката Екса со поранешната партнерка Грајмс, како и три деца – близнаците Страјдер и Азур, и едногодишно дете со Сиобхан Зилис. Ешли неодамна јавно објави дека го родила 13-тото дете на Илон, но потоа ја избришала својата објава.