Таткото на Данка Илиќ (2) која исчезна во Бањско поле кај Бор и по која интензивно се трага, помина полиграф.
Двегодишната Данка Илиќ исчезнала во вторникот, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче.
Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Две специјалистички спасувачки екипи од урнатините од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско Поле кај Бор и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред од кои девојчето исчезнало во вторникот.
Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и куче спасител, соопшти денеска МВР.
Припадниците на МВР во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, а на местото на настанот утрово пристигна и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Поради исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.