Таткото на Маца Дискреција е многу моќен но таа никогаш не го сретнала! Ќе останете без зборови кога ќе дознаете што работи тој! (ФОТО)

Сенада Нуркиќ попозната како Маца Дискреција се прослави со учеството во реалното шоу „Парови“. Родена е на 9 март 1991 година во Тузла, Босна и Херцеговина.

Таа потекнува од многу сиромашно семејство составено само од нејзината мајка Енеса Нуркиќ. Таа не го запознала својот татко, ниту тој сакал да се грижи за неа.

Енеса во емисијата „Гламур“ изјави дека таткото на Маца кога дознал дека е бремена ѝ понудил пари за да абортира.

Познато е дека Маца никогаш не го запознала својот татко. Тој бил оженет со друга жена во периодот кога нејзината мајка останала бремена, па Енеса раскажала повеќе детали од таа приказна.

– Никогаш не криев кој е нејзиниот татко од неа. Таа беше полнолетна. Не барав да ја запознае. Тој беше оженет а јас не сакав да расипам ничиј брак. Тогаш не бев искусна да се заштитам, се породив на 20 години. Во тоа време тој имал четиригодишна ќерка. Ми даваше пари за да абортирам, но јас не сакав да абортирам. Не е тој крив, јас сум крив што не се распрашав за него и да дознаам дека е оженет и дека мене ме лаже. Маца е плод на невозвратена љубов. Јас му реков дека сама ќе ја преземам одговорноста, макар и да спијам на пат. Неколку дена подоцна ме примија очувот и мајка ми. Јас направив сè што можев за Маца да има сè што ќе посака – објаснува госпоѓа Нуркиќ.

Маца рекла дека го бара татко ѝ и дека не може да го најде, но тоа, како што тврди нејзината мајка, не е точно, бидејќи знаела каде живее татко ѝ.

– Рече дека не знае кој ѝ е татко и дека го бара, но Маца знае сè! Кога беше доволно возрасна, ѝ реков да оди да се запознае со него. Нејзиниот татко e пејач, тој e богат и таа се интересирала за него поради тоа што тој го поседува. Но, таа не отиде да го запознае, иако можеше – открива Енеса.

Маца уште од мала сакала да стане позната и пеела каде и да има прилика. Таа се пријави на аудиција за музичкото шоу „Можеш да бидеш ѕвезда“, но не го поминала вториот круг.

Првиот дел од прекарот го добила затоа што таа се сметала себе за ,,слатка како мачка“, а вториот дел, во интервју за ,,ТВ Пинк БиХ” , на новинарско прашање: „Дали некој маж се развел од неа?“ таа одговорила:

„Нема потреба од одговор. Дискрецијата е загарантирана“.