Таткото на осомничениот за убиството на малата Данка се расплака на прашањето за девојчето: Еве што кажа за синот Срѓан (фото)

Срѓан Јанковиќ (50), работник во Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ од Бор, е во притвор поради сомнение дека ја убил Данка Илиќ (2). Според кривичната пријава, делото го сторил заедно со Дејан Драгијевиќ (50).

Репортерите на српскиот портал „Телеграф.рс“ денеска го посетија таткото на осомничениот Јанковиќ. Додека зборувал за злосторството, тој заплакал.

– Не знам што да ти кажам. Немам повеќе изјави, искрено не знам во што да верувам, што точно е вистината. Се будам навечер, плачам, тешко ми е. Срѓан го видов само во Бор, а не знам кога повторно – вели Душан Јанковиќ.

На прашањето дали Срѓан се однесувал насилнички, таткото рече:

– Не, никогаш не даваше знаци, цело време делуваше нормално, вели Јанковиќ.

Како што пишувавме претходно, Јанковиќ го призна делото во полиција, но се бранеше молчејќи во обвинителството.