Таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора Ристовска низ солзи моли за правда: „Срамота е ова, три години нѐ мачат“

Срамота е ова, три години не мачат, јас изгубив ќерка од 22 години, четврда година на Машински факултет, Таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора Ристовска.

Денеска во Основниот суд во Тетово, по втор пат се одложи почетокот на повторното судење на Менсур Пајазити обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22 годишната Теодора Ристовска.

Како и за првото одложување, и денеска судијата Елведин Ферати наведе дека обвинетиот доставил поднесок до судот во кој навел дека од здравствени причини нема да присуства на рочиштето.

„Од наша страна ќе биде проверено дали навистина е во болница, дали навистина му е потребно лекување. И дали во овој период од одлагањето тој се јавува на работа затоа што е наставник во гимназија во Тетово. Затоа што, ако е на боледување, како оди на работа, за што ќе се потрудиме до наредната расправа да добиеме одговор од надлежните институции“, изјави адвокат Наташа Ѓорчевска, бранител на семејството на Теодора.