“ТАТКО МИ Е ГИНЕКОЛОГ, МЕ ПРЕГЛЕДИ И МИ КАЖА – ДЕЧКО ТЕ ИЗНЕВЕРУВА!“ – Исповедта на девојката која ги запали социјалните мрежи
Една девојка со исповед на социјалните мрежи откри како отишла на преглед кај гинеколог односно кај нејзиниот татко кој се занимава со гинекологија, па така открила дека нејзиното момче ја изневерува!
Изабел Салас на социјалните мрежи ја сподели својата исповед за нејзиното неверно момче и нејзиниот татко кој и направил гинеколошки преглед. Некои се забавуваа со нејзината приказна, а други беа згрозени.
Изабел Салас објаснила дека нејзиниот татко е гинеколог, а отишла кај него на преглед бидејќи тешко може да најде доктор на кој може да му верува. Сепак, многумина беа зачудени од ваквата семејна ситуација и и напишаа во коментарите дека нема да им биде пријатно родителите да ги прегледуваат нивните интимни делови и да слушаат детали за нивниот љубовен живот.
„Кога татко ти е гинеколог, а ти одиш на преглед и дознаваш дека дечко ти те изневерува“, напишала оваа девојка во описот, а на видеото се гледа нејзиниот татко како благо намуртено ги внесува резултатите од анализата во компјутерот.
Изабел Салас подоцна објаснила дека нејзиниот татко и рекол дека има постојани инфекции кои постојано се враќаат и покрај редовната терапија. Така заклучила дека нејзиното момче ја изневерува. Многумина нетрпеливо го чекаат расплетот на оваа ситуација, но девојката не откри дали го оставила своето момче, и што рекол потоа нејзиниот татко.