,,Татко ми ме шишаше ќелава!” Сандра Африка низ солзи раскажа за татко ѝ кој ја остави: Ме изневери за пари! (фото)
Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, се отвори за врската со нејзиниот татко, откривајќи болни детали од нејзиното детство.
Сега за првпат проговори за своето детство, но и за нарушениот однос со нејзиниот татко.
-Можев да правам сè со мама, само морав да и’ кажам каде сум и со кого, а на пример татко ми кога добив кец на училиште буквално ми ја скрати косата ќелава – рекла Сандра Африка на работ на солзи.
Сандра се наврати на врската со Миле Китиќ со кој соработуваше како танчерка и откри дека во моментот кога побарала помош од него, тој го сменил телефонскиот број.
– Му се јавивме на Миле Китиќ и го замоливме да нè води и да и се јави на Марина и да каже што било. Ми рече да му се јавам после викенд и во недела, не дека не се јави, туку го смени телефонскиот број.
На прашањето дали го гледа својот татко, пејачката низ солзи рече: „Го немам видено со години. Од денот кога си замина, никогаш повеќе не се јави, не ми честиташе ниту еден роденден, ниту пак дојде кај мебе“, рече таа, додавајќи:
„Кога рече дека му требаат 20-тина инјекции, сакав да му помогнам, иако не сакаше ни да слушне. Му ги дадов парите, но во тој момент сфатив дека ме лаже. Беше во тешка состојба, но за тоа во тој момент не му требаа пари“.