ТАТКО-МОНСТРУМ ПЕТ ГОДИНИ ЈА СИЛУВАЛ СВОЈАТА ЌЕРКА (15 г.) – Случајот што ја згрози балканската јавност: Обвинителството открива хорор детали
44-годишен маж од Далмација доби кривична пријава за тешко кривично дело – сексуална злоупотреба и експлоатација на дете и кривично дело – повреда на правата на детето кое траело дури пет години.
По истрагата, во обвинението на државното обвинителство се товари таткото насилник дека од јули 2018 година до неговото апсење во мај годинава сексуално злоупотребувал, искористувајќи го односот на доверба и зависност на детето од него, тој имал сексуален однос со дете помладо од 15 години.
Според хрватските медиуми, ова се случувало во просек еднаш неделно.
За жал, има и втора точка од обвинението.
Од септември 2020 година па наваму, свесен дека ваквото однесување го загрозува воспитувањето и психолошкиот развој на детето, ѝ оневозможил на неговата ќерка да воспостави социјална интеракција со своите врсници, ја удирал повеќе пати по телото и ја казнувал со тоа што не ја пуштал надвор од домот со денови.
Поради ризик од повторување на делото, притворот на таткото-монструм му е продолжен.
Според законот во Хрватска, само за првата точка од обвинението може да добие најмалку пет години затвор.