Татко (39) со камион го прегазил својот петгодишен син: Голема трагедија, лекарите само констатираа смрт
Невидена трагедија се случи во Горњи Карајзовци кај Градишка, каде петгодишно момче случајно беше прегазено од камион управуван од неговиот 39-годишен татко.
Несреќата се случила околу 11 часот во дворот од нивната куќа во Горњи Карајзовци. Момчето веднаш било пренесено во дежурната брза помош во Нова Топола, но за жал лекарите можеле само да констатираат смрт.
„Малолетно дете е убиено во дворот на семејната куќа поради движење на камион мерцедес управуван од 39-годишен маж“, соопшти Окружното јавно обвинителство во Бања Лука.
Оттаму додаваат дека увидот на лице место извршиле полициски службеници од СВ Градишка и окружниот јавен обвинител Билјана Јанковиќ, кои наредиле да се преземат сите истражни мерки и дејствија за утврдување на околностите под кои починало момчето.
Наредена е и обдукција на телото, која ќе се изврши во Институтот за судска медицина на Република Српска“, наведуваат во ОЈТ Бањалука.