„Тато, ти благодарам за cè…!“ Синот на Владимир Којo се прости од својот татко со потресна порака „Ќе ми недостасува секое наше утро“ (фото)
На хиподром трагично загина братот на актерот Никола Којо, Владимир Којо (59), а денеска беше погребан на Новите гробишта во Белград.
Семејството и пријателите пристигнаа на гробиштата за да го кажат последното збогум, а синот на Владимир се прости од него со емотивни зборови.
– Тато, ќе ми недостасува секое заедничко утро, твоите повици и времето поминато на трките… Ти благодарам за сè што ме научи. Твојот син – стои во некрологот.
Да потсетиме, трагедијата, според неофицијални информации, се случила во четвртокот кога го удрил коњ. Се дознава дека коњот го фрлил јавачот, а Којо истрчал да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и му нанел сериозни повреди на кои им подлегнал во болница.