Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека кинески воени авиони и бродови сè уште оперираат околу островот, неколку дена откако Пекинг објави дека воените вежби официјално завршиле.
Тајванското Министерство информира дека детектирале 26 авиони и седум пловни објекти во последните 24 часа. Од нив, 14 авиони ја преминале половината од Тајванскиот теснец и влегле во идентификациската зона на тајванската воздушна одбрана (АДИЗ).
Министерството и вчера информираше дека претходниот ден биле откриени 35 авиони и осум пловила.
Германската агенција ДПА пишува дека Кина на тој начин ги покажува своите воени сили со цел да го заплаши Тајван и да го одврати од стремежот кон независност.
Кина минатата недела одржа тридневни воени вежби како одговор на посетата на кинеската претседателка Цаи Инг-вен на Калифорнија, каде што се состана со претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти. Пекинг објави дека вежбите завршиле во понеделникот.