Тајната на тенискиот ас: Новак Ѓоковиќ ги пие овие два „магични“ пијалоци секое утро и им ги препорачува на сите

Новак Ѓоковиќ не е само рекордер со 24 гренд слем титули – тој е и олицетворение на дисциплина, самопосветеност и перфекционизам кога станува збор за нега на телото.

Секој детаљ од неговиот ден, од оброците до закрепнувањето, е внимателно осмислен, а една од најинтересните навики започнува веднаш по будењето и вклучува само две чаши.

На прв поглед, звучи едноставно. Нема додатоци во исхраната, нема магични прашоци, нема скапи пијалоци – само топла вода со сок од лимон и целер , која Новак ја пие секое утро на празен стомак.

Овие две навики, вели тој, му помагаат да го детоксицира телото, да го освежи умот и да се подготви за предизвиците на денот.

Топла вода со лимон – едноставен почеток со голем ефект

Првата голтка во денот за Ѓоковиќ е топла вода со свежо исцеден лимон. Овој пијалок, богат со витамин Ц и антиоксиданси, му помага на имунолошкиот систем, го балансира варењето и придонесува за регенерација на клетките.

Научните истражувања покажуваат дека полифенолите од лимон помагаат во одржувањето на здравјето на цревата и го забавуваат стареењето, особено кога се консумираат на празен стомак.

За спортист како Новак, силниот дигестивен систем значи подобра апсорпција на хранливи материи, помалку воспаленија и побрзо закрепнување,  а тоа директно се одразува на неговата форма на теренот.

Сок од целер – зелен еликсир за тело и ум

Веднаш по лимонадата, Новак пие чиста чаша свежо исцеден сок од целер . Овој пијалок, иако едноставен, содржи витамини А, Ц и К , како и минерали како калиум, магнезиум и фолна киселина.

Витаминот К е особено важен за здравјето на коските, додека другите елементи го поддржуваат протокот на крв, закрепнувањето на мускулите и менталната јасност.

Ѓоковиќ тврди дека овој пијалок не само што му носи физичка енергија, туку и ментална бистрина – чувство на фокус и смиреност што е клучно за врвни спортски резултати.

Навики што секој може да ги усвои

Иако просечниот човек можеби не брка гренд слем титули, многумина можат да научат нешто од рутината на Новак. Овие едноставни навики не бараат скапа опрема или посебни услови – само лимон, целер и малку конзистентност.

Освен што го хидрираат телото веднаш по станувањето, овие пијалоци обезбедуваат силен антиоксидативен и дигестивен ефект.

Дури и да не станеш шампион на Вимблдон, со вакво утро сигурно можеш да бидеш шампион на својот ден.