Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора итно излегоа со заедничко соопштение во врска со загрозувањето на безбедноста на претседателот Јаков Милатовиќ.
Како што се посочува, Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора на 6 ноември дошла до информации за потенцијална закана за претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за што го информирала во директна комуникација.
Исто така, Агенцијата спроведе низа активности за проверка и продлабочување на споменатите податоци, како и за проверка на веродостојноста на изворите. Во оваа насока, досегашните сознанија упатуваат на заклучок дека веројатно се работи за дистрибуција на дезинформации од страна на трети земји.
Агенцијата за национална безбедност, во соработка со Управата на полицијата, ќе продолжи континуирано да спроведува безбедносни заштитни мерки во однос на претседателот на Црна Гора и членовите на неговото потесно семејство.