ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА КАКО ОД ФИЛМОВИТЕ НА ЏЕЈМС БОНД – Разоткриена млада и убава руска шпионка од Бугарија која ‘оперирала’ во Лондон: “Постојано посетуваше само едно кафуле и зборуваше само за едно“

Бугарката Вања Габерова (29 г.) пред неколку дена беше меѓу петте бугарски државјани кои ќе бидат обвинети дека се руски шпиони кои работеле на тајни операции во Велика Британија. Инаку, оваа девојка е меѓународно призната козметичарка која е специјализирана за нокти и трепки.

Жена за која постои сомневање дека е руски шпион непречено се протнала во космополитската лондонска заедница, велат нејзините сограѓани од Велика Британија за The Mirror.

Локалните жители велат дека секое утро Вања Габерова купувала Red Bull (Ред Бул), вода и цигари во продавницата спроти нејзиниот салон „Pretty Woman“ во западен Лондон, а за време на паузите за ручек често одела во португалското кафуле „Vilamour“. Таму таа уживала секогаш во кафе и багет со сирење.

Таа беше прекрасна жена, многу дискретна, многу љубезна. Но, она што ми беше чудно беше нејзиното момче. Таа беше многу поатрактивна од него“, вели сопственикот на споменатото кафуле, Тиаго Ногуерија.

слика
Вања Габерова

Таа сакаше да купи цвеќарница во близина, но не успеа. Никогаш не би се посомневал дека е шпион, но ако е, таа е многу добра во тоа“, додал тој споственикот на кафулето.

Како што пренесува The Mirror, се претпоставува дека Вања Габерова го отворила својот салон заедно со своето момче пред почетокот на пандемијата со вирусот Ковид-19.

Една клиентка, која доаѓала во салонот за корекција на нејзините нокти на секои три месеци, ја опишала како многу професионална.

Таа беше многу убава дама. Никогаш не зборуваше за себе, никогаш не зборуваше за политика. Се занимаваше со нокти како хоби. Таа беше многу професионална и сите нејзини клиенти беа многу задоволни од нејзината работа“, изјавил таа.

Нејзината пријателка открила дека Вања Габерова заминала со своето момче кое морало да се оперира во странство, најверојатно во Грузија, а во последните две години не ја гледала многу често. Салонот бил затворен, но работел до февруари, кога Вања Габерова била уапсена.

Еден бизнисмен рекол дека во последниве месеци во салонот го однела вработена, а не Вања Габерова, и дека видел две соби со кревети за масажа. Во ходниците биле поставени камери, открива тој. Вања Габерова себеси се нарекувала експерт за екстензии на трепки, а има освоено награди во Велика Британија, Бугарија и Русија.

Инаку, Вања ГабероваОрлин Русев (45 г.), Бизер Џамбазов (41 г.), Катрин Иванова (31 г.) и Иван Стојанов (31 г.) во вторник официјално ќе одговараат за „здружение со цел за шпионирање“, соопштија од обвинителството во Велика Британија. Групата работела од 30. август 2020 година до 8. февруари оваа година, тврдат од CPS

The Mirror минатиот месец објави како Бизер Џамбазов и неговата партнерка Катрин Иванова работеле нормално, често уживале во помфрит во кафуле, а често ги воодушевувале соседите носејќи им колачи и пити.