Тајниот премин во Ватикан, познат по тоа што го користел папата Климент VII за да избега за време на опсадата на Рим во 1527 година, сега е целосно достапен за посетителите по шестмесечна реставрација.
Според официјални лица, преминот „Passetto del Borgo“, кој го поврзува Ватикан со тврдината Сант Анџело, стана популарен благодарение на писателот Ден Браун и неговиот роман „Ангели и демони“, пренесува “Ansa”.
Тој беше делумно отворен во 1999, 2005 и 2013 година, а оваа последна реставрација овозможи да се помине речиси низ целата нејзина должина.
Посетителите во помали групи и со претходна резервација ќе можат да прошетаат низ голем дел од овој историски премин со поглед на средновековниот кварт „Борго Пио“ долг 700 метри.
Изграден е во 1277 година на иницијатива на папата Никола III, на темелите на ѕидовите што ги подигнал папата Лав IV во 9 век за заштита од Сарацените.
Ватикан има безброј тајни премини кои некогаш биле користени од папите за побрзо да стигнат од една до друга локација.