ТАЈФУНОТ ЈА УНИШТИ КИНА, ПАДНА ОБИЛЕН ДОЖД, ДУВА ВЕТЕР ДО 175 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: На Филипините има и жртви!

Тајфунот Доксури в сабота ќе го продолжи својот пат посеверно и дополнително ќе се намалува на интензитет, соопштија метеоролошките служби.

Тајфунот Доксури денеска ја погоди југоисточна Кина со силен дожд и ветар со брзина до 175 километри на час, додека на Филипините загинаа 13 лица.

Бурата, која го загуби својот интензитет во последните часови, го погоди кинескиот брег околу 9:55 часот по локално време (01:55 часот по Гринич) во провинцијата Фуџијан, која се наоѓа спроти Тајван, објави националната телевизија, додавајќи дека црвен метеоролошки аларм беше на сила во областа.

CCTV прикажа еден од своите репортери на местото на настанот опкружен со поплавени улици и дрвја расфрлани по земјата.

Тајфун

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа дека жителите се обидуваат да се засолнат додека огромни бранови го погодија брегот.

Во Фуџијан превентивно се евакуирани повеќе од 400.000 луѓе. Училиштата, фабриките и деловните субјекти се затворени, јавуваат медиумите.

Тајфунот Доксури в сабота ќе го продолжи својот пат посевер и дополнително ќе се намалува на интензитет, соопштија метеоролошките служби.

Доксури го погоди северниот дел на Филипините во средата, при што загинаа 13 лица, а 21 се водат како исчезнати.