Тврди дека не е ни машко ни женско: На црвениот тепих дојде со мини сукња и високи потпетици (фото)

Сем Смит ги покажа своите долги нозе во црна комбинација по доделувањето на Британските модни награди во понеделникот.

Сем Смит

Музичарот, кој излезе како небинарна личност, ја доби наградата за културен иноватор претходно истата вечер.

Сем носеше црно мини здолниште и чизми со високи потпетици од Вивиен Вествуд, додека држеше мини дизајнерска чанта. Аутфитот го комплетираше со блејзер со драматична силуета и впечатливи копчиња.

Сем Смит

Наградата за културен иноватор им оддава почит на поединци во забавната индустрија кои создале вирални модни моменти, како што е незаборавното појавување на Сем од латекс на Brit Awards 2023. Овогодинешната церемонија се врати на наградите засновани на пол, поделувајќи ги британските дизајнери во категории на машка и женска облека.