ТВ снимка која не смеат да ја видат Русите – Сергеј Шојгу доведен во ‘шах-мат’ позиција од незгодно новинарско прашање: Немаше одговор и “кукавечки“ побегна! (видео)
Еден од најблиските соработници на Владимир Путин и министер за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу во интервју за телевизијата „Звезда“ беше прашан како ќе заврши војната во Украина, а тој одговори: „Секоја војна завршува со мир“.
Новинарот потоа го прашал министерот за одбрана на Русија за колку брзо може да се очекува мир во Украина, а Сергеј Шојгу само си заминал без да одговори на поставеното прашање.
Иако телевизијата го објави видео од заминувањето на Сергеј Шојгу, неговото заминување беше отсечено од видео-снимката во подоцнежното емитување на ТВ-екраните.
Во изминатите неколку месеци, Русија се чини дека ги подготвува своите граѓани за долга војна. Западните аналитичари велат дека Владимир Путин најверојатно планира да војува што е можно подолго со надеж дека поддршката на Западот за Украина ќе опадне.
Да потсетиме, Кремљ војната во Украина ја нарекува „специјална воена операција“, а не војна.