ТЕЖОК УДАР ЗА ПАЛЕСТИНЦИТЕ – Последната одлука на Европската унија ќе ги “уништи“ !?

Суспендирана е сета помош во вкупна вредност од 691 милион евра што ја додели Европската комисија за Палестина.

Ова го изјави и потврди еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Како најголем донатор на Палестинците, Европската комисија го разгледува своето целосно развојно портфолио, вредно 691 милион евра. Сите плаќања се веднаш суспендирани. Сите наредни проекти ќе бидат преиспитани. Сите нови буџетски предлози, вклучително и тој за тековната година, се одложени до дополнително известување. Ќе се изврши сеопфатна проценка на целото портфолио“, напиша Оливер Вархеји на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).

Тој вели дека поттикнувањето омраза, насилството и глорификацијата на теророт затруле премногу умови и дека е потребна акција „веднаш и сега“.

Претходно денес портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија објави дека германската развојна помош ветена за палестинските територии за оваа и следната година привремено се суспендира.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, соопшти дека и таа земја привремено го прекинува испраќањето помош за Палестинците, во вкупна вредност од околу 19 милиони евра, поради нападот на милитантната група Хамас врз Израел.