Телата се искасапени, секое со по 30 убоди во градите и срцето! Најнови детали од страшното убиство на родители во Чачак (фото)
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак, вчера била извршена обдукција на телото на брачниот пар кои до смрт беа избодени од нивниот син М.Б.(41). Таткото и мајката на Чачанинот починале од последици на убодна рана во срцето.
За потсетување, двојното убиство во Чачак се случи во понеделникот во 21 часот во населбата Љубиќ кеј, во семејниот стан на родителите. Младиот човек ги избодел, а потоа ги заклучил во станот и побегнал. Полицијата три часа по злосторството го уапсила на Ибарската магистрала, на пет километри од Горњи Милановац кон Рудник, во селото Сврачковци.

Починатиот Ј.Б.(76) бил почитуван лекар, нефролог во пензија, а неговата мајка М.Б.(72), дипломиран филолог, библиотекар и советник. Ова семејство уживало голема репутација во Чачак.
– Телата на сопружниците беа буквално искасапени. И двајцата имаат триесетина убодни рани по телото, а најголем број има во пределот на срцето и градниот кош. Една или повеќе од убодните рани биле смртоносни, а наодите покажале дека со остар предмет биле отсечени главните крвни садови, што е причина за смрт кај двете лица – вели извор од истрагата за Телеграф.рс, додавајќи дека се укажува дека смртта настапила насилно.
Обдукцијата е извршена вчера, во доцните попладневни часови, а наодот од обдукцијата, специјалист по судска медицина, денеска треба да се најдат на бирото на обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Чачак кое ја води оваа постапка.
Исто така, осомничениот за ова убиство М.С., денеска беше сослушан кај обвинителот, соопштија претходно од ВЈО. Според истото соопштение, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, кој истекува денеска. Синот на убиените сопружници се товари за кривично дело тешко убиство, при што сторителот им ги одзеде животите на неколку лица. За ова дело законот предвидува казна од десет години до доживотен затвор.
На осомничениот и вчераутро му била укажана лекарска помош во вид на лекување на површни рани. Познаници тврдат дека осомничениот за убиството на родителите и претходно имал психички проблеми.