Телескопот GUSTO на НАСА ќе мапира дел од Млечниот Пат

Американската вселенска агенција НАСА се подготвува да лансира експеримент наречен GUSTO, што значи ULDB Spectroscopic Terahertz Galactic/Extragalactic Observatory, чија цел е да создаде 3D мапа на дел од галаксијата Млечен Пат.

Експериментот GUSTO вклучува телескоп кој ќе лебди на надморска височина од 36,6 километри над Антарктикот користејќи балон во период од најмалку 55 дена и ќе „апсорбира“ радио бранови со висока фреквенција што продираат во меѓуѕвездениот космички медиум, термин кој се однесува на гас, прашина, радијација и други материјали кои го сочинуваат просторот помеѓу ѕвездите.

GUSTO ќе бара сигнали за јаглерод, кислород и азот во меѓуѕвездената средина, а со тоа и индиции за тоа како се формираат ѕвездите и планетите, конкретно, што предизвикува вселенските честички да се здружат за да формираат молекуларни облаци кои претходат на формирањето на ѕвездите.

Балонот ќе полета од антарктичката станица МекМурдо на 21 декември.

Мисијата ќе ја открие 3Д структурата на Големиот Магеланов Облак, џуџеста галаксија во близина на „Млечниот пат“ која е видлива со голо око од делови на јужната хемисфера на Земјата.

Телескопот ќе лета во атмосферскиот антициклон на Јужниот пол, кој ќе го води во кругови околу полот за време на мисијата.