– Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека двајцата лидери разговарале за состојбата во врска со конфликтниот процес помеѓу Израел и Палестина, како и за хуманитарната криза во регионот.
„Претседателот Ердоган подвлече дека се продлабочува бруталноста врз палестинските територии и дека секоја минута растат цивилните загуби. Ердоган рече дека молкот на земјите од Западот ја доведе хуманитарната криза во Газа на незапирливо ниво“, се нагласува во соопштението.
Исто така, Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да вложува секаков напор со цел да се обезбеди мир во регионот.