Бројот на загинати во израелските воздушни напади врз Газа се искачи на 5.791

 – Бројот на загинати Палестинци во тековните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, што продолжуваат веќе 18 дена, се искачи на 5.791.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под блокада, објави соопштение во врска со бројот на загинати и повредени во израелските напади.

Во соопштението се вели дека бројот на загинати во израелските напади се зголемил на 5.791, од кои 2.360 се деца и 1.292 жени.

Исто така, се истакнува дека бројот на повредени како резултат на израелските напади пораснал на 16.297.

Во ова соопштение се нагласува дека здравствениот систем во болниците во Газа е во целосен колапс.

Од друга страна, во соопштението на Министерството за внатрешни работи во Газа се наведува дека Израел ги бомбардирал зоните близу болницата „Вефа“ во Газа, и чаршијата во бегалскиот камп „Нусејрат“.

Во соопштението се истакнува дека како резултат на бомбардирањето на овие две зони има десетици жртви и повредени.