Телохранителот на Рубио приведен во Брисел, физички нападнал полицајци

Телохранителот на американскиот државен секретар Марк Рубио е уапсен по судир со полицајци во Брисел.

Агентот на Дипломатската служба за безбедност (ДСС) беше врзан со лисици минатиот понеделник откако се разбесни кога персоналот во хотелот Амиго одби повторно да го отвори барот по работното време, објави Вашингтон Егзаминер.

Телохранителот потоа станал физички агресивен кога персоналот, вклучувајќи го и ноќниот менаџер на хотелот, се обидел да го убеди да се врати во својата соба, изјавиле извори за Вашингтон пост.

Кога била повикана полиција, агентот на ДСС се судрил со полицајците и бил уапсен.

Агентот беше ослободен подоцна во понеделникот по интервенција на американската амбасада во Брисел.

Рубио остана во хотелот минатата недела кога ја посети Белгија на конференцијата на лидерите на НАТО, но не беше таму во моментот на инцидентот.