Телото на бебето било пронајдено во замрзнувач во станбена зграда во Херинген, Германија. Телото е пронајдено во четвртокот, а полицијата приведе две лица под сомнение дека се поврзани со убиството.
Градот, кој има околу 7.000 жители, остана во шок откако полицијата пристигна да собере докази од местото на злосторството. Во четвртокот вечерта полициски службеници со помош на колеги од специјалните единици уапсиле две лица од зградата. Се тврди дека парот е во емотивна врска, а се сомнева дека уапсената е мајка на бебето чие тело е пронајдено.
Полицијата соопшти дека се приведени една жена (34) и еден маж (40). Засега не е познато како тие се поврзани со смртта на детето и во тек е интензивна истрага.
По распитот на жената и е одредена мерка притвор поради сомнение дека сторила кривично дело убиство. Човекот во меѓувреме е ослободен, бидејќи засега нема докази дека тој е поврзан со злосторството.
Сè уште не е јасно како починало бебето.