Темната страна на споделувањето локација: Еве зошто воопшто не треба да ја откривате вашата локација
Благодарение на апликациите за споделување локација, лесно можете да знаете каде е вашиот партнер во секое време.
Иако оваа практика им дава чувство на сигурност и удобност на многумина, експертите предупредуваат дека може да има и своја темна страна.
Според експертите, голем број корисници на вакви апликации веруваат дека споделувањето локација ја прави врската поофицијална, како и ја подобрува практичноста и координацијата.
Некои луѓе тврдат дека знаењето каде е нивниот партнер им помага да го одржат своето ментално здравје.
Терапевтката за парови Џоана Харисон изјави за „Гардијан“ дека заедничкото живеење може да ја наруши клучната рамнотежа помеѓу независноста и заедништвото во врската. Покрај тоа, таа посочи дека познавањето на точниот момент кога партнерот пристигнува, дел од романтичната магија го прекинува.
– Би било штета ако ваквите апликации ни ја одземат можноста да споделуваме детали од нашите животи, бидејќи веќе би ги знаеле. Исто така, го губите тоа слатко чувство на чекање на личноста што доаѓа кај вас, кога знаете дека е на пат, но не точно кога ќе дојде – вели Харисон.