Периодот на многу топло време со високи дневни температури продолжува. Се очекува особено жешко да биде во петок и сабота, кога синоптичарите предупредуваат на температури до 43 степени Целзиусови.
Промени на времето ќе имаме почнувајќи од недела, кога се предупредува за локална нестабилност со обилни врнежи од дожд и грмотевици. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во опсег од 35 до 42 степени. Слично време се очекува и во Скопско.
Поради топлото време, Владата издаде препораки до сите граѓани, додека Министерството за здравство апелираше до граѓаните да се придржуваат до постојните препораки за самозаштита, што вклучува престој во ладни простории, особено од 11 до 17 часот, пиење доволно течности, избегнување алкохол и зашеќерени пијалоци, носење светла и светло обоена облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најжешките часови.