Тензично на протестот во Кочани: Револтираните граѓани фрлаат јајца кон зградата на Општината

Во градот Кочани денеска се протестира по трагичниот пожар што избувна во ноќен клуб во кој животот го загубија 59 лица.

Демонстрантите пред зградата на општина Кочани повикаа на правда и одговорност.

Протестот е тензичен, демонстрантите ја кршат бариерата и фрлаат јајца.

,,Не умираме од катастрофи, умираме од корупција“, велат демонстрантите.

Вчера се случи трагедија во Кочани каде изгоре зграда на ноќен клуб при што загинаа 59 лица.