Тензијата расте пред историската средба: Зеленски откри три услови за мир со Русија, Путин нема да остане рамнодушен
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати по договорената средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп и откри кои се неговите цели на мировните преговори.
Приоритетите се апсолутно јасни – рече Зеленски.
Три приоритети на Украина
- Русија мора да се согласи на прекин на огнот
- Самитот Путин-Трамп мора да доведе до вистински долг мир
- Потребата од долгорочна безбедност на Украина, која ќе се воспостави со Америка и Европа.
Зеленски разговараше за овие теми со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон.
– Украина и Германија го делат ставот дека војната мора да заврши што е можно поскоро, со достоинствен мир. Параметрите на крајот на војната ќе ја обликуваат европската безбедносна архитектура во наредните децении – рече претседателот на Украина.
Тој додаде дека војната се одвива во Европа, дека Украина е веќе дел од Европа и дека преговара за членство во Европската Унија, поради што Европа мора да биде активен учесник во сите процеси поврзани со мирот.
Средба Путин-Трамп, можна трилатерална средба со Зеленски
Зеленски рече дека тој и Мерц се согласиле за позициите и за нов разговор, а денес, најави, ќе одржи онлајн состанок на советниците за безбедност на Украина, ЕУ и САД за понатамошна координација.
Тој, исто така, откри дека се во тек дискусии за можни формати на самити: два билатерални и еден трилатерален.
– Украина не се плаши од состаноци и очекува ист смел пристап од руска страна. Време е да се стави крај на војната – заклучи Зеленски.
Договорот меѓу Путин и Трамп за средбата денес пропадна. Во меѓувреме, на површина излегоа деталите од тајниот план на Путин и Трамп, кои покажуваат дека Америка ја фрла Украина под воз.
Путин откри во која земја може да постигне договор со Трамп.