Тениски скандал на годината! Америка го загуби мечот во Сплит поради дивеењето на играчите на теренот: Тој тотално полуде (ВИДЕО)
Голем скандал се случи на мечот од Дејвис купот во Сплит.
Френсис Тиафо играше против 24. играч во светот Талон Грикспор и го загуби првиот сет со 6:3, а вториот сет го доби во тај-брејк со 9:7.
Потоа се случи вистинска драма во третиот сет, каде Холанѓанецот поведе со 5:2 во тај-брејкот и одсервира ас кој беше досуден како аут.
Американскиот играч беше на топката, но не ја префрли на другата страна, за по еден предизвик и очигледно „добра топка“, бодот да му биде доделен на Гриксспор.
Беше 6:2, а потоа Тиафо целосно дивееше на теренот!
Погледнете што се случи тогаш:
„Како вчера во ваква ситуација се повтори бодот, а сега му беше доделенбнему?!“, викаше по судијата, а потоа почна да удира со рекетот по теренот.
Поради ова тој беше казнет со одземање бод, со што Грикспор од 6:2 дојде до 7:2. Со тоа го освои третиот сет, воедно и го доби мечот, а со тоа и Холандија ја извојува победата над Американците, бидејќи стигнаа до недостижни 2:0 пред двомечот, кој го доби селекцијата на САД, но залудно.
Ќе има уште многу приказни за овој натпревар. Неверојатно е тениски меч да заврши со судиска одлука…