– Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е уверен дека резултатите на тимот ќе се подобрат.
– Влогот е голем на секој натпревар на Манчестер јунајтед. Секојдневно има притисок врз сите кои се поврзани со клубот, но овие барања и стандарди се предизвик со кој сите мораме да се соочиме. Иако почетокот на сезоната не помина како што сакавме, убеден сум дека го имаме вистинското ниво на талент и вистинскиот начин на размислување за да се движиме во вистинската насока. Верувам дека ќе се покажеме во сиот наш сјај, тоа е само прашање на време. Тоа ќе се случи. Продолжувам да верувам во нашите играчи и уверен сум дека ќе се подобриме по тешкиот почеток на сезоната, изјави Тен Хаг.
Манчестер јунајтед по 10 кола во Англиското фудбалско првенство има половичен биланс, пет победи и исто толку порази и со 15 освоени бода се наоѓа на 8. место.